-->
-->
Во Судан околу седум милиони деца не одат на училиште
-->
Судан се соочува со генерациска катастрофа, бидејќи околу седум милиони деца немаат настава поради поплавите, гладот и нестабилната ситуација во таа земја, објави денеска „Гардијан“.
Хуманитарните групи предупредуваат дека третина од децата во Судан не одат на училиште, додека останатите немаат доволно наставници. Најтешка е ситуацијата во Централен Дарфур, каде 63 отсто од децата не одат на училиште, потоа 58 отсто во Западен Дарфур и 56 отсто во Источна Касала.
Според УНИЦЕФ, во Судан 70 отсто од 10-годишните деца не знаат да прочитаат едноставна реченица. Училиштата во делови на Судан повторно беа отворени оваа недела откако беа затворени поради поплави, но милиони деца сè уште не можат да одат на училиште.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата