Во Струмица одбележан Денот на народното востание
Со пригодна програма што се одржа пред Споменикот на револуцијата во градскиот парк, општина Струмица го одбележа 11 Октомври – Денот на народното востание на Македонија.
Во знак на почит кон сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание беше положено свежо цвеќе, а рецитаторите од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ рецитираа револуционерна поезија. За значењето на празникот зборуваше вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.
- 11 октомври 1941 година e денот кога македонскиот непокор уште еднаш беше потврден на дело, како многу пати до тогаш, а со осамнување на денешниот ден повторно се појавија спомените за тој непокор и за слободољубивоста на македонските борци, кои на дело ја покажаа и докажаа љубовта кон својата татковина. Меѓу многуте напишани и кажани зборови за овој наш празник, останало запаметено дека: “Во најубавата приказна за слободна Македонија се вградени судбините на голем број млади луѓе. Затоа, ова наше востание мора да стои на пиедесталот од креирањето на вистинската приказна за македонската република, рече Костадинов.
Одбележувањето на празникот продолжи со турнир во мал фудбал за девојки од осум до 14 години, а утре ќе се одржат ноќни крос трки за учениците од основните и средните училишта
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија