Македонија
29. September 2018 - 10:24

Во Струмица гласаат 107 болни и изнемоштени лица

Во Струмица за референдумското изјаснување се пријавени 107 болни и изнемоштени лица.

Од утрово тие почнаа да го остваруваат своето право на глас, а избирачките одбори, по подигнувањето на гласачкиот материјал од Општинската изборна комисија, се упатуваат во домовите на пријавените болни и изнемоштени лица.

Според Александар Чеботарев, претседател на ОИК Струмица, гласањето се одвива нормално и засега нема никакви проблеми.

Покрај болните и изнемоштените, денес гласаат и затворениците во Затворот во Струмица.