Балкан
12. February 2017 - 21:04

Во страотна сообраќајка вечерва загинаа три лица

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва на магистралниот пат меѓу Кикинда и Зрењанин, загинаа три лица.

Трагедијата се случила на раскрсницата од патиштата за Банатска Топола и Ново Милошево, каде дошло до судар на две патнички возила.

-До несреќата дошло, најверојатно поради непрописно свртувањео од главниот на споредниот пат на оваа раскрсница.

Возилото кое се движелео од правец на Башаид се обидело да заврте лево во правец на Ново Милошево. Тогаш дошло до судар со другото патничко возило кое доаѓало од правец на Кикинда. Живото го загубиле возачот и двајца сопатници од автомобилот кој се обидувал да сврти во лево, велат од истрагата.

Додека траел увидот сообраќајот во овој дел од магистралата бил запрен, а полицијата не го соопшти идентитетот на настраданите лица.