Македонија
11. March 2023 - 16:49

Во стан во Штип пронајдена мртва жена

На 10.03.2023 во СВР Штип е пријавено дека во 13,39 часот во стан во кој заедно живееле на ул. „Борис Кидрич“ во Штип,  Д.З. ја пронашол почината С.З.(61) од Штип.

Од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. За настанот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено за обдукција.