Во Србија утринава регистрирани вкупно 55 заразени лица
Во Србија утринава се регистрани седум нови случаи на заразени со коранвирусот, со што вкупната бројка се зголеми на 55 заразени лица,соопштија од Министерството за здравство.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ, синоќа на вонредна прес конференција објави дека на „целата територија на Србија се прогласува вонредна состојба“, како мерка во борбата против коронавирусот или како што кажа Србија ја започнува „битка за постарите лица“
-Лицата постари од 65 години мора да останат во своите домови, порача Вучиќ, најавувајќи дека во наредните три дена полицијата ќе проверува колку мерката се почитува, бидејќи ако прекршувањето е повеќе од 0,1 или 0,2 отсто – ќе се донесе обврзувачка одлука сите постари лица да останат во своите домови и нивните дворови доколку се во рурални области
Според српскиот претседтел, на сите оние кои не ја почитуваат наредбата за изолација ќе им следи казна до три години затвор.
Српската Влада синоќа преку соопштение ги прецизираше мерките за вонредната состојба, со кои границите на Србија се затворени за сите странските државјани,
Границите остануваат отворени за српските државјани кои се враќаат од странство, како и за дипломатите и странските државјани со дозвола за престој во Србија.
За сите тие кои можат да влезат во Србија, обврска е да бидат во самоизолација најмалку 14 дена, под кривична одговорност, додека оние српки државјани што доаѓат од жариштатат на коронавирусот, самоизолацијата ќе трае 28 дена.
Српските вооружени сили ќе бидат на границите, како помош на санитарната инспекција и граничната полиција, а присуството на војската ќе биде и крај „здравстените установи и други позначајни објекти
Со вонредната состојба се прекинува наставата во сите образовни институции и градинките, а од вторник наставата ќе започне преку РТС и преку дигиталните учебници.
Се откажуваат и сите спортски натпревари на отворен и затворен простор.
Препорака за граѓаните е да седат дома и да бидат во самоизолација,а секој што може да работи од дома, треба така да постапи. Оние кои не можат да работат од дома, што не е случај во повеќето сектори, освен во производниот сектор, ќе мора да преземат заштитни мерки, заштитна опрема.
Владата упати апел до граѓаните да без потреба не купуваат прехранбени и санитарни артикли, бидејќи Србија ги има сите потреби намирници и донесе Одлука за ограничување на цените на основните прехранбени производи, на заштитната опрема и средства за дезинфекција.
Владата, исто така, донесе заклучок со кој се забрануваат јавни собири во затворен простор до 50 лица, со што се намалува бројката од 100 луѓе колку претходно беше дефинисано.
Од штабот за вонредни состојби на град Белград, во согласност со прогласената вонредна состојба, донесени се повеќе одредби, меѓу кои и за намалувањето на обимот на градскиот сообраќај и укинување на сите ноќни линии и ограничување на работата на сите угостителски објекти од 08 до 20 часот.
Според српските закони, вонредната состојба се прогласува најмалку на 90 дена, а изборите се закажани за следниот месец на 26 април, но засега не е донесена одлука за нивно одложување.
Ново на Сител
-
Директорот на БЈБ при МВР Јанев ја отвори работилницата на Интерпол која денеска и утре се одржува во Скопје
-
Криминалното однесување ќе се санкционира, па и да се најблиските околку мене, порача премиерот
-
Над 300 вработени ја напуштија ХРТ
-
Кешишев: Мислев дека копаме злато, Велибор ми рече никој не треба да знае може да летаат глави
-
СВР Куманово приведе две лица, возеле со 1,57 и 1,68 промили во крвта
-
Дали чоколадното млеко е здраво за децата?
-
Го убиле и закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица осомничени за убиство во кривопаланечко
-
Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста од точката за разгледување предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски