Во Србија стапи на сила забраната за движење на постарите од 65 гoдини, со закана за кривично гонење
Во Србија, покрај вонредната состојба, денес во сите градови од 10 часот стапи на сила мерката за забрана на движење на сите постари лица од 65 години, и 70 години во руралните области, согласно синоќешните нови меркi на Владата во справувањето со пандемијата со коронавирус.
Со неа вечерва од 20 до 5 часот наутро на територијата на целата држава е забрането движењето на улиците во Србија и на сите лица, освен органите на власт и оние кои ќе имаат работна обврска во трета смена.
Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, денес изјави дека полицискиот час и други мерки се воведени заради недисциплина на дел од граѓаните. Тој порача дека полицијата постојано ќе ги проверува лица на кои им е одредена изолација.
Според него, речиси 50.000 луѓе се вратиле од странство во Србија од почетокот на кризата, повеќето се од Италија, а голем број не успеале да ја исполнат обврската за изолација, што довело до ширење на заразата.
Во Србија утринава евидентирани се вкупно 83 лица заразени со коронавирусот, што е за 11 лица повеќе од вчера, соопштија од министерството за здравство.
Веќе два дена на сила е вонредна состојба, затворени се границите за влез на странски државјани, поголемиот дел на вработените работат од дома, војската е распоредена на граничните премини, болниците, мигранските центри, на улиците е зголемено присуството на полицијата, а како изгледа денеска атмосферата по улиците во Белград, екслузивно ви ги пренесуваме преку фотографии.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски