-->
-->
Во Србија се одбележуваат 13 години од убиството на Ѓинѓиќ
-->
Денеска се навршуваат 13 години од како при влегувањето во зградата на Владата на Србија беше убиен првиот демократски избран премиер на Србија и лидер на Демократската партија Зоран Ѓинѓиќ.
Членовите на српската Влада, предводени од премиерот Александар Вучиќ утрово положија венци на спомен-плочата во седиштето на владата, на местото каде беше убиен Ѓинѓиќ.
Поради организирање на убиството на премиерот, на 40 години затвор осуден е поранешниот командант на специјалните полициски единици „црвени баретки“ Милорад Улемек. На иста казна осуден е и Звездан Јовановиќ, непосреден извршувач на убиството и поранешен заменик на Улемек.
Политичката позадина на убиството на Ѓинѓиќ се уште не е позната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лихвари за 3 години изнудиле 9.715.000 денари од лице во Охрид
-
Тепачка, димни бомби, Брза помош - Хаос во српското Собрание | ВИДЕО
-
МАЕИ дел од изборната коалиција предводена од ДП на Бериша
-
Кривична за директор на основно училиште во Делчево
-
48-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во близина на „Негорски бањи“
-
На полицаец во Крушево му го украле пиштолот
-
Топ-10 листа најплатени глумци за 2024 година
-
Му се слошило додека работел, 31 годишен Косовец почина во Гостивар