Во Србија почна предизборен молк до недела во 20 часот
Во Србија на полноќ почна изборниот молк во пресрет на републичките, покраинските, белградските и локалните избори, а ќе трае до затворање на гласачките места в недела на 17 декември во 20 часот.
Изборниот молк е период во кој е забрането објавување оценки на изборните резултати во медиумите и на јавни собири, јавно презентирање на кандидатите на изборите и нивните изборни програми и поканување на гласачите да гласаат или да не гласаат за одредени изборни листи или кандидати.
На гласачкото место и на 50 метри од избирачкото место, забрането е истакнување симболи на политички партии и друг пропаганден материјал. На 8.
273 избирачки места своето право на глас на парламентарните избори ќе можат да го остварат 6. 500. 165 запишани избирачи. Право на глас на покраинските избори во Војводина имаат 1. 669.
734 граѓани, а на белградските 1. 613. 190 гласачи. На републичките избори гласачите ќе можат да избираат од 18 листи со вкупно 2. 817 предложени кандидати за 250 пратенички места.
Утврдени се 13 изборни листи за покраински избори, 14 за избори за градско собрание на Белград, а локални избори ќе се организираат во вкупно 65 градови и општини.
Очекуваниот одѕив на гласачите е 56,4 отсто, покажува анкетата објавена синоќа, спроведена од агенцијата ИПСОС.
Коалицијата околу владејачката Српска напредна партија (СПП) на претседателот Александар Вучиќ има поддршка од 44,6 отсто од анкетираните.
По неа следи проевропската опозициска коалиција „Србија против насилството“ со 23,6 отсто поддршка, додека листата Ивица Дачиќ – Прмеиер на Србија се очекува да освои 8,7 отсто од гласовите.
Ново на Сител
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите
-
Средба Гаши - Лудва: За Чешка од посебно значење е интегрирањето на земјите од Западен Балкан
-
Кривична пријава за „предизвикување општа опасност“ против полициски служеник во Струмица