-->
-->
Во Србија од утре почнува „Слободен Дневник“ - проект против медиумскиот мрак
-->
Движењето на слободни граѓани (ПСГ) најавија дека на градските плоштади ширум Србија од утре ќе почне емитување „Слободен Дневник“, во кој како што се наведува „луѓето ќе може да слушнат од слободните новинари вистина за тоа што се случува во нивниот град, покраина, држава и светот“.
ПСГ во соопштение ги повика сите „слободни новинари и граѓани да се јават и да помогнат во правењето на таков Дневник каков што треба да гледаат на јавниот медиумски сервис“.
За „Слободен Дневник“ не е потребна претплата, туку само жед за вистина и добра волја“, наведоа од движењето. Според нив во услови на „медиумски мрак“ првиот Слободен Дневник ќе почне утре во 19.30 часот на градскиот плоштад во Кикинда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична против директорка на Специјализираната болница Отешево поради злоупотреба на службена положба
-
Вардар ја победи фаворизираната Лозана
-
Првата антикорупционерка Димитровска денеска ќе поднесе оставка
-
САД ја осудија објавата на Макрон за признавање на палестинска држава
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес
-
Тајланд и Камбоџа разменија оган во близина на спорната граница
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Гази Баба и Кисела Вода
-
Макрон потврди дека Франција ќе ја признае Палестина како држава