Балкан
11. December 2020 - 9:40

Во Србија маж ја задавил сопругата со голи раце

Во населбата Златар во Аранѓеловац, Србија, 80 годишно лице со иницијали Д.Л., ја убил исто така 80-годишната сопруга со иницијали Г.Л., пренесуваат повеќе српски медиуми.

Убиството се случило синоќе по кавга помеѓу сопружниците во ходникот на семејната куќа, а Д.Л. ја задавил сопругата со голи раце, пренесува Пинк.рс.

Според овие информации, телото на починатата жена е испратено на обдукција.

Во претходниот период во ова семејство не било пријавувано никаков вид на насилство, пренесува „Вечерње новости“.