Во Србија 89 новозаразени со Ковид-19, од кои 30 се во Врање
Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 89 случаи на инфекција со коронавирус, од кои 30 се од Врање.
Eден пациент е починат со што вкупниот број на починати се искачи на 231 лице, објавено е на владиниот сајт ковид.рс.
Вкупно во Србија се заразени 10.699 граѓани, а излекувани се 4.799 луѓе.
Епидемиолозите предупредуваат дека доколку се зголеми бројот на новозаразените во наредните денови, во Србија повторно би можеле да се воведат рестриктивни мерки.
Премиерката Ана Брнабиќ за утре закажа состанок на Кризниот штаб.
– Сега не планираме нови мерки, но апелирам уште еднаш до сите, кризата не заврши. Излеговме од најлошите времиња и можеме да живееме повеќе или помалку нормално, но сепак и понатаму мора да носиме маски, да ја задржиме оддалеченоста, изјави Брнабиќ.
Бројот на заразени лица вчера неочекувано се зголеми, а причината е новото жариште во Врање, каде повторно беше отворена Ковид болницата. Повеќето од заразените се од фабрика за мебел „Додиќ“, што е затворена пред неколку дена.
Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ истакна дека ситуациите во Лесковац и во Врање треба да ја предупредат цела Србија и сите работни организации и производствени погони. Тој потенцира дека е неопходно да се спроведат сите превентивни мерки и дека не смее да дојде до опуштања.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека ситуацијата е под контрола се додека бројот на новооткриени во однос на бројот на тестирани е помал од два проценти, посочувајќи дека ако не бил случајот со Врање, тој број би бил значително под два проценти.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија