-->
-->
Во сообраќајка кај скопската обиколница повредени три лица, меѓу нив и дете
-->
На 12.04.2025 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница на град Скопје, кај клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(55) од Скопје и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од село Гошинце, општина Липково, соопштија од полицијата.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.И., со телесни повреди се здобил С.И. и неговиот малолетен сопатник од село Арачиново, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството во времето на Филипче
-
Останува рокот: Aвтопатот Охрид-Кичево готов до крајот на следната година
-
80% од храната што ја јадеме ја увезуваме - како до зголемено земјоделско производство?
-
Од 1-ви септември средно стручно образование за возрасни
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј