Живот
20. February 2021 - 19:14

Во сообраќајка кај Дојран загина 18 годишниот кошаркар Пенов

Младиот кошаркар на Кожув, 18-годишниот Иван Пенов, е загинатиот од тешката сообраќајка која се случила по полноќ на патот Стар Дојран и Нов Дојран, пишуваат спортските портали.

Пенов играше во младинските конкуренции, а од оваа година беше регистриран и за настап за првиот тим кој се натпреварува во кошаркарската елита.