Во Собранието на Република Македонија, одржана дебата за можните локации за изградба на нов Универзитетски Клинички Центар
Во Собранието на Република Македонија, попладнево, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, одржаа дебата со пратениците за можни локации за изградба на нов Универзитетски Клинички центар.
При плодната дискусија се презентираа предложените локации со цел да се разгледаат сите можни аспекти за да се изнајде соодветна местополжба за новите и модерни текови во здравството, со кое директно на корисниците ќе им се овозможи да добиваат квалитетни здравствени услуги.
„За ваков голем проект од национален интерес како што е Клиничкиот центар, ја вклучуваме и опозицијата во дебата. Нема партиски, национални или други разлики за изградба на новиот Клинички центар. Потребна е координација, интерактивно и ускладено функционирање“, истакна министерот Филипче.
Локацијата за новиот Универзитетски Клинички центар треба да биде транспортно пристапна и лесно достапна на граѓаните, економски оправдана, пријателски настроена кон животната околина и по можност досега не користена за претходен урбан развој и на тој начин ќе претставува простор соодветен за здравствен развој.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место