-->
-->
Во Собранието ќе биде доделена наградата „8 Септември“
-->
Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски, е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“, што ќе биде доделена денеска на свеченост во Собранието.
Најголемиот успех Костовски го постигна како тренер на олимпиецот Дејан Георгиевски, кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година.
Покрај Костовски, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе им додели признанија за остварувања во областа на спортот и на Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски и Димитар Јованов.
Наградите ќе бидат врачени во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија во 11 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ
-
Левица објави 5 кандидати за скопските општини
-
Лекарска комора ќе прави вонреден стручен надзор по добивање на документацијата за 8-те сомнителни случаи
-
Вардариште повторно гори, партиите се препукуваат
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник