Македонија
5. јуни 2023 - 8:15

Во Собранието денес ќе се одржи средба на комисиите за европски прашања на Македонија, Албанија и Косово

Во Собранието денеска ќе се одржи работна посета на делегации од комисиите за европски прашања на албанскиот и косовскиот Парламент.

Членовите на делегациите ќе имаат средби со претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседател на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми и членовите на ова собраниско тело.