Македонија
13. July 2016 - 18:34

Во Смилковци се санира крак на улицата „Павле Божинов“

Во Смилковци, општина Гази Баба се санира кракот на улицата „Павле Божинов“ во должина од 400 метри и широчина од 3 метри. Вредноста на работите изнесува 1 милион денари, а изведувач на градежните работи е фирмата „Бетон“.

Летниот период ќе се искористи за санација на улиците на подрачјето на општината и за реконструкција на паркинзите, за што се предвидени околу 9 милиони денари.

- Со овие активности ќе се подобрат условите за движење на возилата и пешаците низ територијата на Гази Баба. Онаму каде нема да може да се асфалртираат улиците, тие ќе бидат тампонирани, информира општина Гази Баба.