Во Смилево одбележана годишнината 113 години од Смилевскиот Конгрес
Општина Демир Хисар со пригодна свеченост ја одбележа 113 годишнината од Смилевскиот Конгрес кој се одржа во истоименото демирхисарско село.
Традиционално, делегација на локалната самоуправа предводена од градоначалникот на општина Демир Хисар Љупчо Блажевски положи цвеќе пред спомен костурницата на Даме Груев и споменикот на смилевските илинденци.
- Никогаш не го забораваме овој светол датум, денот на одржувањето на Смилевскиот Конгрес, но и денот кога токму тука пред 113 години беа реорганизирани четите на ТМРО од страна на Смилевскиот конгрес што беше повод во 1992 година овој настан од нашата историја, Владата на Република Македонија да го востанови како Ден на полицијата, рече меѓудругото градоначалникот Блажевски на свеченоста во Смилево.
За учесниците на денешниот поводен собир, учесниците од ОУ „Даме Груев“-Демир Хисар и Здружението за заштита на ликот и делото на Даме Груев приредија историски час.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи