Во Словенија почнува кампањата за претседателските избори
Еден месец пред претседателските избори во Словенија, закажани за 23 октомври, денеска официјално почнува изборната кампања.
Претседателските кандидати ќе можат да им се обратат на гласачите до 21 октомври на полноќ, кога ќе настапи предизборен молк, а денеска истекува и рокот за поднесување пријави за гласање во странство.
Се очекува претседателските кандидати во својата кампања најмногу да се потпираат на социјалните мрежи и директниот контакт со гласачите на терен. Ќе се користат и други средства за комуникација, како плакати и презентации на поединечни средби, а сите изборни штабови најавуваат финансиски скромна кампања.
Рокот за собирање избирачки потписи и поднесување кандидатури и покрај денешниот официјален почеток на кампањата истекува на 28 септември.
Досега за изборите се пријавија пет кандидати – пратеникот на СДС Анже Логар, адвокатката Наташа Пирц Мусар, пратеникот на Нова Словенија Јанез Циглер Краљ, градоначалникот на Кочевје Владимир Пребилич и музичарот Грегор Безеншек.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува успешна година на економски план со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти
-
Мирна новогодишна ноќ во Струга, една сообраќајна незгода
-
Фицо предупредува на тешки последици од прекинот на транзитот на руски гас преку Украина
-
Тошковски: Граѓаните не треба да бидат казнети поради возачките дозволи
-
Таравари: Во Новата 2025-та повисоки плати, нови ваботувања и нови инвестиции во здравството
-
Јаков е првороденчето во Скопје, неколку секунди по него се роди и девојче во Чаир
-
Сончево време и утре, од задутре дожд и снег
-
Тринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров