Во Словенија нема да биде задолжително носењето маски во градинките и училиштата
Во Словенија повеќе нема да биде задолжително носењето заштитни маски во градинките. Учениците од основните и средните училишта, за време на нивните часови, како и наставниците кои предаваат на деца до трето одделение, исто така ќе бидат ослободени од ова правило.
Според владината одлука донесена синоќа, наставниот кадар во средните училишта и на факултетите нема да има обврска да носи заштитни маски, под услов да одржуваат предавања зад паравани.
Условно ќе биде и носењето заштитни маски кај наставниците кои предаваат на ученици од четвртто одделените и во повисоките одделенија во основните училишта, како и меѓу вработените во средните училишта, доколку не можат да одржат растојание од најмалку два метра.
Наставниците и професорите по физичко образование нема да мора да носат маски, пренесува агенцијата СТА.
Одлуката е донесена откако Словенија во четвртокот пријави рекордни нови 238 случаи на Ковид-19, иако податоците од Министерството за здравство покажуваат дека бројот на заразени во училиштата минатата недела се намалил во однос на средината на септември.
Според последните податоци, досега во Словенија се заразени 6.103 лица со коронавирус, додека 154 пациенти починале.
Ново на Сител
-
Израел ги проширува воените операции и окупира делови од Газа
-
Келог: Конфликтот во Украина е на работ на примирје, но потребен е договор
-
Неврологот од Гостивар кој ја менува политичката сцена | Арбен Таравари | Sitel Podcast 087
-
Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на бизнисот
-
Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата