Во Словенија денеска средби на министрите за одбрана и на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ
Министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска ќе имаат средби во Словенија, на кои ќе разговараат за голем број теми, вклучувајќи ја и безбедносната и хуманитарната криза во Авганистан по повлекувањето на меѓународните трупи.
Министрите за одбрана ќе се фокусираат на тековните безбедносни предизвици и Стратешкиот компас на ЕУ, клучен воен концепт кој се обидува да обезбеди поголема стратешка автономија за Унијата, jaви СТА.
Се очекува да стане збор и за прашањето за европски сили за брза реакција од 5.000 војници, откако неодамна високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел ја истакна потребата од такви сили во контекст на авганистанската криза.
На состанокот ќе се разговара и за регионот Сахел, Либија, Мозамбик и Западен Балкан, што е еден од приоритетите на словенечкото претседателство со ЕУ.
Домаќин на средбата е словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин, а на дискусијата ќе се придружи и заменикот генерален секретар на НАТО Мирчеа Ѓоана и заменикот генерален секретар на ОН за мировни операции Жан-Пјер Лакроа.
На состанокот ќе присуствува и Борел, кој потоа ќе претседава со дводневниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој почнува денеска, на кој министрите за надворешни работи ќе се фокусираат на Авганистан. Освен за Авганистан, се очекува на оваа средба да се разговара за односите меѓу ЕУ и Азија, како и дека министрите ќе дискутираат за односите на Унијата со Кина и земјите од Заливот.
Ново на Сител
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија