Во скопската ЗОО угина и третиот коњ
Ден по угинувањето на двата коњи, во скопската Зоолошка градина угинал и третиот прежевалски коњ. Станува збор за ретки им многу вредни коњи кои по потекло се од Монголија, а во скопската Зоолошка биле донесени од Австрија како донација од компанијата „Сафари Македонија“.
Првиот случај за угинатите коњи во полицијата го пријавил вработен во Зоолошката градина кој се посомневал дека коњите се отруени. Од МВР денеска потврдија дека вчера околу 14 часот во Зоолошката градина угинал уште еден коњ.
Направена е обдукција и се чекаат официјални резултати“, изјавил за мета.мк Зоран Попов, в.д. директор на скопската Зоолошка градина.
Сомнежите се дека станува збор за намерно труење, бидејќи, како што сведочат вработените, сè се случило премногу брзо, во околината немало никаква друга храна, коњите не давале знаци на болест претходно, а во близина имало и угината птица.
Ново на Сител
-
СДСМ го одби предлогот на Мицкоски за стратегија 2050
-
Струмица и Карпош најавија излегување од ЗЕЛС
-
Белград ќе му подари автобуси на Скопје?
-
Во Куманово отворен конзулат на Србија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски домаќин на шефицата на Европската комисија Усрула Фон Дер Лајен
-
Во МНР средба на македонско-бугарската историска комисија
-
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ да ја поддржи визијата на премиерот Мицкоски