Во Скопје завршна конференција на ЕУ проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“
Завршна конференција за проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“ финансиран од Европската Унија, а краен корисник е Министерството за образование и наука, ќе се одржи денеска во Скопје.
-Овој настан ќе ги нагласи клучните резултати, научените лекции и идните чекори за подобрување на квалитетот на образованието. Исто така, ќе обезбеди одлична можност за вмрежување и дискусии меѓу експерти, едукатори и креатори на политики, се наведува во соопштението.
Според агендата, на отворањето на конференцијата, ќе се обратат министерка за образование и наука Весна Јаневска, Стефен Худолин од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, директорот на проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“ Николај Сапунџиев и тим лидерот на проектот Весна Јаневски.
Ново на Сител
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани