Во Скопје викендот 22 сообраќајки, 38 лица исклучени од сообраќај
Девет лица биле полесно повредени во пет од вкупно 22 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје. Во 17 била причинета материјална штета, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Сообраќајната полиција викендов открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица поминале на крстосница на црвено светло, пет возачи не дале првенство на минување и 28 лица кои го управувале возилото нерегистрирано.
Од сообраќај биле исклучени 38 лица: 14 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 21 лице пред да се стекнат со право на управување на патничко моторно возило и тројца возачи почетници. Санкционирани биле и пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 195 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 178 возила.
Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативна работилница на тема „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ во приватната градинка JSP-International Play School” која се наоѓа на подрачјето на општина Карпош
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори