Македонија
26. April 2021 - 11:07

Во Скопје утре ќе се прска против ларви од комарци

На подрачјето на градот Скопје, во текот на утрешниот ден ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци, информира Град Скопје.

Втората фаза од авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се врши во раните утрински часови, додека втората фаза од терестричната дезинсекција ќе се реализира во текот на денот.

-Доколку временските услови не го дозволуваат прскањето, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, соопшти Град Скопје.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.