-->
-->
Во Скопје потешко повредени три лица, 11 сообраќајки низ градот
-->
Во Скопје во изминатото деноноќие се евидентирани 11 сообраќајни несреќи. Во две од нив потешко се повредени две лица, во три полесно се повредени три лица, а во шест е причинета материјална штета.
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден санкционирала 10 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, четворица не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, 23 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати биле 49 непрописно паркирани возила.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети биле вкупно 55 возила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром