Loading Video...
Фудбал
17. August 2022 - 19:54
Во Скопје елитни средби од женската лига на шампиони
Женскиот фудбалски шампион на Македонија, Љуботен ќе игра историски натпревари од квалификациите за ЛШ и тоа како домаќин во Скопје заедно со шампионките на Австрија, Белорусија и Бугарија. Средбите ќе се играат на тренинг центарот Петар Милошевски кај ФФМ.
По тој повод денеска прес конференција на учесниците на турнирот во хотелот Парк во Скопје.
За Љуботенки ова е прв настап во најелитното фудбалско натпреварување и ќе ги одмерат силите со Сент Полтен од Австрија во второто полуфинале кое се игра утре со почеток во 17ч на терените на ФФМ додека во 11ч на програмата е првото полуфинале помеѓу првакот на Белорусија Динамо Минск и шампионките на Бугарија , Локомотив од Стара Загора.
Исто како и првакот на Македонија и преставничките на Бугарија, Белорусија и Австрија очекуваат добар настап во Скопје и како главна цел пласман во финалето кое е закажано за во недела во 19ч.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->