Во Скопје денеска посебен режим на сообраќај
Во Скопје денеска од 13 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради најавен протестен марш, што ќе започне од паркот во Чаир.
– Денеска со почеток во 13 часот е најавен протестен марш, кој ќе започне од паркот во Чаир, продолжува право по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, право по улицата „Цветан Димов“, десно по булеварот „Гоце Делчев“, лево по улицата „Филип Втори“, десно по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР наведуваат дека од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа