Во Скопје 184 сообраќајни прекршоци, 39 за брзо возење
Изречени се 184 сообраќајни прекршоци при засилени акциски контроли во сообраќајот што ги спровела вчера полицијата. Од вкупниот број санкции 39 се за пречекорување на дозволената брзина, 27 за возење без возачка дозвола, шест за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Изречени се и девет мерки за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас, осум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, како и 50 за непрописно паркирање.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачува МВР.
Ново на Сител
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
-
Муцунски во Прага на средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек
-
Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада
-
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата