Во Скопје 12 сообраќајки, еден потешко повреден
Еден сопатник е потешко повреден, а со телесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила и исто толку сопатници во една од вкупно 12 сообраќајни несреќи што се случиле изминатите 24 часа во Скопје.
Во седум сообраќајки со полесни телесни повреди се здобиле 14 лица, а четири поминале само со материјална штета.
Како што соопшти СВР Скопје, сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и веднаш биле исклучени од сообраќај. Тројца возачи поминале на црвено светло на семафорот, а девет возачи ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола. Осум возачи не се придржувале на ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци.
Санкционирани се и пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Откриени се 28 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 54 возила.
Одделението за превенција заедно со „Училишната сообраќајна единица“ денеска ќе преземаат превентивни мерки од областа на сообраќајот, на улицата „11 Октомври“ на потегот од крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата со улицата „Јужен Булевар“ на подрачјето на општина Центар.
Ново на Сител
-
Перински: Јавниот повик за општините веднаш по ребалансот на Буџетот, на располагање ќе ги имаат првите 100 милиони евра
-
Оливер Зафировски назначен за директор на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје
-
Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро
-
Дефинитивно денови за паметење – Народната и забавната музика ги разгореа жештините во Кратово | ФОТО
-
Три жени повредени во сообраќајка кај „Мавровка" | ФОТО
-
Хрватска повлекува морска сол од пазарот поради присуството на пластика
-
УХМР со предупредуваање: Следува период на многу топло време
-
Автобус на ЈCП се качи на заштитна ограда пред Мавровка | ФОТО