Во Сирија убиен еден од најопасните австралиски терористи
Мултинационалната антиџихадистичка коалиција во Сирија, предводена од САД, деновиве го ликвидирала Халед Шаруф, еден од најопасните австралиски терористи, кој и имал пристапено на групата Исламска држава, пренесе ТАСС, повикувајќи се на телевизијата Еј-Би-Си.
Авиони на коалицијата во петокот извеле воздушен напад врз еден автомобил во реонот на сирискиот град Рака, во кој се наоѓал Шаруф. Заедно со овој 36-годишен терорист во возилото биле и неговите двајца малолетни синови. Сите загинале во експлозијата.
Пред три години на социјалните мрежи се појавија снимки на кои седумгодишниот син на Шаруф во рацете држи отсечена човечка глава.
Во февруари џихадистот стана првиот човек што го загубил австралиското државјанство по влегувањето во сила на новиот закон, со кој се засилуваат мерките за борба со тероризмот, потсети ТАСС. Законот на австралиските власти им дава право на австралиски државјани да им се одзема државјанството доколку се фатени во особено тешки кривични дела, поврзани со тероризмот. Оваа одредба, меѓутоа, може да се применува само за луѓе со двојно државјанство, како што е примерот со Шаруф, кој има и либанско.
Ново на Сител
-
Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба
-
Перински: 80 општини поднесоа 358 предлог проекти, фазата на евалуација ќе трае од седум до десет дена
-
Македонија ќе се снабдува со гас од Грција од 1 октомври
-
Минчев најавува законско решение наместо балансерот
-
Туфегчиќ: Јас бранам потполно невин човек
-
Просечната нето плата во јули 40.961 денар
-
Таравари: Не знам дали е непотизам, но не може да му забраниме на директорот да земе советник
-
Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта