Македонија
2. September 2015 - 17:06

Во Шуто Оризари отворено ново средно училиште

Општина Шуто Оризари го доби првото средно училиште. По повеќе децениско чекање жителите на оваа општина конечно добија училише центар каде ќе може да го завршат своето средно образование. Станува збор за инвестиција вредна повеќе од 3 милиони евра.

Во своето обраќање пред присутните Груевски се осврна и на веќе реализираните проекти во општината, особено инфраструктурните и проектот за водоснабдување.

Пред присутните во средното училиште се обрати и пратеникот Амди Бајрам кој истакна дека многу години ромите чекаа на реализација на ваков проект.

Првиот човек на Скопје Трајановски подвлече дека со ова училиште значително ќе се подобри нивото на образование во Шуто Оризари.

При посетата на Шуто Оризари Груевски направи обиколка и на доградбите на основните училишта 26 јули и браќа Рамиз и Хамид за кои беа вложени повеќе од 100 милиони денари. Овие проекти се значајни за повеќе етнички заедници во општината.