Во штипско-карбинскиот регион рекорден број пожари на отворено
Рекорден број на интервенции имаат штипските пожарникари во текот на август, информира командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов, посочувајќи дека пожарникарите секојдневно гаснат по два или три пожари на запалени стрништа и на сува трева.
- Месец август не е поминат а имаме веќе 67 пожари само овој месец на отворено. Апелираме повторно до земјоделците да не ги палат стрништата, бидејќи неконтролирано ги зафаќаат и останатите земјоделски површини и шумски појаси, рече Ренџов.
Командирот на Противпожарната единица во Пробиштип, Милан Терзиќ вели дека во текот на јули и август регистрирани се поголем број интервенции на отворено.
- Во јуни имаме шест пријави за пожари, јули имаме некаде 12, а август имаме шест пријави на отворен простор. Материјални штети немаме од овие пожари на отворено, изјави Терзиќ.
Противпожарните единици од Штип и Пробиштип имаа едукативни кампањи и заедно со полициски службеници и претставници од ЈП „Македонски шуми“ беа на терен со цел да им укажат на земјоделците и на сточарите да не ги палат стрништата и пасиштата во текот на летото.
Во Штип пред два дена поради запалена сува трева во опасност беа доведени куќи и викендици во населбите Пребег, Мерите и Рибник.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп