Македонија
7. September 2018 - 16:17

Во штипската болница мамографот ставен во функција

Мамографот во штипската Клиничка болница конечно е ставен во функција. По речиси една година е сервисиран, а веќе се закажуваат и прегледи преку системот „Мој термин“.

- Сервисирањето на новиот апарат не ја чинеше ништо штипската болница, бидејки се уште е под гаранција, што беше причина и сервисерите малку да ја одолжат неговата поправка, вели директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Георгијев. Тој истакна дека во моментот во болницата работат сите апарати, а деновиве ќе биде сервисиран и лифтот во рентген центарот.

Мамографот е релативно нов и беше инсталиран во 2015 година. Тогаш поради старата и дотраена апаратура, покрај Штип ваков софистициран апарат добија Кочани, Велес, Македонска Каменица и Радовиш.

Раното и навремено детектирање на карциномот на дојка е од голема важност за намалување на смртноста кај жените, бројка која од година во година е се поголема. Статистиката покажува аларматни податоци. Годишно во државата се откриваат околу илјада новозаболени жени.