Во Штип се отстрануваат бесправно изградени шупи и хаварисани возила
Општина Штип деновиве почна со акцијата за отсранување на шупи и штали кои бесправно се изградени или поставени на јавните површини во Штип. Комуналниот инспектор во Општина Штип, Борче Везенков вели дека целта на акцијата е да се отстрани се што е незаконско изградено и градот да има урбан лик.
- Доколку има објекти изградени на јавни површини, излегуваме на лице место и ги отстрануваме, вели Везенков.
Тој истакна дека освен објектите, општината интензивно работи и на отстранување на хаварисаните возила низ градот:
- Ги лоцираме хаварисаните возила, доставуваме решенија, а доколку не се одложат на време, ние ги земаме и ги дислоцираме, рече Везенков.
Екипите на општината хаварисаните возила ги носат на плацот кај Филтер станицата, од каде сопствениците можат да си ги земат. Доколку во предвидениот законски предвидениот рок не си ги земат, во тој случај општината има право истите да ги продаде на лицитација.
Ново на Сител
-
Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани
-
Пронајдени стари неексплодирани убојни средства гевгелиско, во близина на границата со Грција
-
Најсвежо утро во Лазарополе, најтопло во Дојран и во Гевгелија
-
Девет пожари на отворено изминатите 24 часа
-
Собранието ќе ја одржи 9. седница
-
Министерот Муцунски на НАТО работен појадок
-
Бајден повтори дека нема намера да се повлече од претседателската трка
-
Реална шанса за постигнување договор за ослободување на заложниците, тврди израелски преговарач