Во Штип се градат отворени спортски терени
Градежната механизација од денеска почна со санирање на отворениот спортски терен во училиштето „Тошо Арсов“ во Штип. Маја Ашкилова вработена во општината вели дека од општинскиот буџет се обезбедени 900.000 денари за изградба или за санација на отворените спортски терени во градот, но и во руралните средини.
- Денеска се асфалтира отвореното спортско игралиште во ООУ „Тошо Арсов“, веќе имаме и рењконструкција и изградба на нови спортски игралишта во селата Селце, Лакавица, потоа селата Шашавралија и Чардаклија. Со изградбата или со санацијата на отворените спортски терени ќе се подобри и квалитетот на наставата по физичко воспитување, вели Ашкилова.
По санацијата на терените кои се наоѓаат во близина на училиштата, општина Штип ќе постави и спортски реквизити.
Ново на Сител
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово