Во Штип протестен марш на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ по повод 8 Март
Во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Штип се одржа протестен марш по повод 8 март – Меѓународниот ден на жената. Заедно со членките и симпатизерките на Унијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска низ улиците на Штип маршираше и партискиот лидер Христијан Мицкоски.
– Со овој протестен марш практично протестираме за сите оние жени кои што се дискриминирани, но и воопшто за луѓето кои што се дискриминирани во Македонија, бидејќи тешко се живее, повеќе од половина милион луѓе кои живеат со помалку од 150 денари на ден, рафтовите на продавниците се празни, инфлацијата е голема, стандардот е се понизок и луѓето практично ден за ден едвај крај со крај врзуваат, изјави Мицкоски.
Тој смета дека ова е одличен момент да покажеме дека сме посилни од сите предрасуди и дека само обединети и заедно како што рече „без вештачки наметнати поделби од Владата можеме да ги поразиме сите предрасуди и обединети на крај да победиме“.
– А јас сум убеден и во жената, но убеден сум и во народот на Македонија дека заеднички ќе победи и заеднички ќе ги совлада сите предизвици, вели Мицкоски.
Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска истакна дека силата на жените е во взаемната поддршка.
– На политичката сцена во Македонија и се потребни многу повеќе храбри, мотивирани и општествено освестени жени. Дискриминацијата на жените во општеството, во политиката, економијата, нееднаквите плати за истите работни места, сексизмот, шовинизмот и физичкото насилството врз жените се едното исто грдо лице на родово базираното насилство. Да започнеме сега и веднаш да создаваме подобар свет, растоварен од поривот за моќ, а воден од желбата за здрави поколенија и здраво општество, вели Пешевска.
Таа нагласи дека жената е и архитект и носечки столб и круна на секое здраво демократско општество или, „како што кажува големиот Иво Андриќ – жената стои како капија, на излезот и влезот во овој свет“.
Потпретседателката на Унија на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска истакна дека обврска на општеството е да се бори против каков било облик на дискриминација.
– Жените за жал се жртви на таа дискриминација и тоа не се ретки и изолирани случаи. Проблемот е комплексен, затоа што влијаат многу фактори, но заедничко за нив се предрасудите. Дискриминацијата по основ на пол влијае прво на статусот на една жена во заедницата, како на микро, така и на макро ниво, па во образованието, а потоа се пренесува и на полето на нејзиниот работен ангажман, нејзината плата, нејзиниот статус, вели Димитриеска-Кочоска.
Ново на Сител
-
Германците и турците најбројни туристи
-
Шестата по ред Парада на гордоста ќе се одржи на 21 јуни: Ќе (оп)стоиме заедно
-
Со голема парада Трамп ја славеше американската армија и својот роденден
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите