Бизнис
22. February 2016 - 18:01

Во Штип презентирана мерката „Лидер“ од Програмата ИПАРД 2

Мрежата за рурален развој на Република Македонија и Центарот за развој на Источно планскиот регион денеска пред претставници на општините, невладиниот и бизнис секторот ја презентираа мерката „Лидер“, која треба да се акредитира и ќе биде понудена во рамки на Програмата ИПАРД 2.

Претседателот на Мрежата за рурален развој на Република Македонија, Петар Ѓорѓиевски  нагласи  дека во западно европските земји фирмите и граѓаните веќе ги користат овие средства за отворање сопствени бизниси во руралните средини.

- Тоа се проекти кои се послични на 302 мерка, каде што можат да се отвараат дури и фризерски салони, фитнес и бизниси кои произлегуваат од самите потреби на локалното население. Тоа се проекти кои немаат врска со земјоделството, туку тоа се проекти кои се неземјоделски се барзираат на потребите на локалното население. На пример во Словенија на територијата на локалните акциски групи јас имав можност да видам проект кој е поддржан. Тоа е една леарница која изработува разни склуптури, рече Ѓорѓиевски.

Општините, невладиниот и бизнис секторот преку ИПАРД 2 програмата можат да добијат и средства за развој на алтернативниот туризам, потоа изградба на патеки и  помали локални патишта. Во моментов мерката „Лидер“  треба да се акредитира по што ќе се определи и висината на фондот, односно колку средства ќе можат да се добијат од Фондовите на ЕУ. Но, претходно од општините треба да изготват стратегија и акциски планови, а сумите за добивање на средства ќе бидат дефинирани од реосрното министерство.