Во Штип годинава легализирани 600 дивоградби
Истекува рокот за комплетирање на барањата за легализација на дивоградбите, кои се опфатени во првиот рок март-септември 2011 година. Рокот за овие граѓани е до 31 декември. Во овој рок до општина Штип беа доставени за легализација 10.224 објекти.
Портпаролот на општина Штип, Драган Ристов вели дека досега од страна на општинската администрација се легализирани 5.600 објекти, а во текот на 2016 година се решени околу 600 предмети, а стопирана е постапката за 300 објекти.
- Во најголем дел од документацијата недостасува геодетскиот елаборат, заради што општина Штип апелира до граѓаните кои имаат предмети за легализација, а не ја докомплетирале документацијата тоа да го сторат до 31 декември, а во спротивно предметот ќе биде одбиен поради непотполна документација, вели Ристов.
Апелира граѓаните да не го чекаат последниот ден за докомплетирање на документацијата последниот ден, со цел да бидат избегнати турканици, нервози од страна на граѓаните.
Во вториот рок кој го даде Владата за пријавување на дивоградби во Штип барања за легализација доставиле 1.000 граѓани, за нив рокот за докомплетирање на документацијата истекува на 31 декември 2017 година.
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот