Во Северна Кореја отворен музеј на достигнувањата на Ким Јонг-ун
– По повод 10-годишнината од доаѓањето на власт на лидерот Ким Јонг-ун, денеска во Северна Кореја се отвора Музејот на корејската револуција.
Во музејот ќе бидат поставени и фотографии и видеа од, како што пренесуваат корејските медиуми, „најголемите достигнувања на бесмртното лидерство“ на Ким од 2016 година, кога на Конгресот на владејачката Работничка партија, тој вети дека ќе изгради одговорна држава со нуклеарно оружје. Ќе биде изложено и писмо од ноември 2017 година, каде што Ким изјавува дека Северна Кореја го завршила развојот на „државните нуклеарни сили“ по тестирањето нова интерконтинентална балистичка ракета.
Во чест на лидерот, ден претходно се одржала и национална средба на која било констатирано дека Ким ѝ донел на земјата „статус на воена сила опремена со семоќни средства за самоодбрана“.
Ким формално дојде на власт како прв секретар на владејачката партија на 11 април 2012 година, по смртта на неговиот татко Ким Јонг-ил во декември 2011 година.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, одземено товарно возило, запленета стока | ФОТО
-
Гаши денеска стабилен
-
Приведени двајца скопјани, агресивно се однесувале кон вработените во Градската општа болница „8 Септември“
-
Повеќе од 24 часа исчезната е прилепчанката Билјана, семејството моли за помош | ФОТО
-
Сијарто: Пристапувањето на Украина во ЕУ нема да ја зајакне Украина, туку ќе ја доведе Унијата во војна
-
Поранешен чувар во амбасадата на САД во Осло обвинет за шпионажа за Русија и Иран
-
Вардар ја пречекува Лозана, Седлоски најави максимална борбеност против фаворизираниот противник
-
Меџити: Ќе имаме кандидат за градоначалник на Скопје