Во седум канцеларии на омбудсманот телефонски линии за пријавување повреди на избирачките права
Во канцеларијата на Народниoт правобранител поради одржувањето на предвремените парламентарни избори денеска во периодот од 7:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
– Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488, информираат од канцеларијата на омбудсманот.
Воедно, од таму истакнуваат дека народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.
Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.
Ново на Сител
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника
-
ССМ пресмета: Месечно потребни се над 1,000 евра за да се преживее
-
Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
-
Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари
-
ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
-
Полиција и куп инспектори влегоа во забавниот парк во Карпош