Во Саранда уапсени македонски државјани поради кражба
Албанската полиција привела двајца македонски државјани, момче и девојка поради кражба на плажа во познататиот приморски град Саранда.
- Две лица со македонско државјанство, идентификувани како Давид Шапуриќ и Сандра Нешковска, се приведени од полицијата во Саранда, објави Ора њуз.
Според полицијата овие лица во реонот на плажата наречена „Суво дрво“, на грчка државјанка и ја украле чантата во која имало два мобилни телефони, три пара очила, паричник со пари и други лични предмети.
- Како резултат на брзото администрирање на пријавата на грчка државјанка, на 17 месецов, полициската станица Саранда овозможи идентификација, откривање и апсење на осомничените сторители на случајот, државјаните Д.Ш.(24) и С. Н.(28) двајцата жители на Северна Македонија, соопшти полицијата.
Се додава дека истрагата продолжува за откривање на можната нивна поврзаност со други кражби.
Процесните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Саранда, за понатамошни дејствија, за кривично дело „кражба“, извршено во соработка.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани