Македонија
19. March 2020 - 13:52

Во самоизолација над 250 граѓани во источниот регион

Во општините во источниот регион во самоизолација се повеќе од 250 граѓани, информираше преку писмено соопштение, портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

– Полициските службеници на подрачјето на СВР Штип вршат засилена деноноќна обиколка и контрола на вкупно 10 граѓани со Решение за домашна изолација од Државниот здравствен и санитарен инспекторат и на 246 граѓани со потпишана изјава за самоизолација кои, доколку ги прекршат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно  чл.205 и 206 од Кривичниот законик, се вели во соопштение од СВР-Штип.

Според податоците, најголем број лица во самоизолација има во Кочани и Штип.