Свет
13. February 2021 - 11:04

Во САД вчера регистрирани 97.525 нови случаи на Ковид-19 и 5.323 починати

Во САД вчера се регистрирани 97.525 нови случаи на Ковид-19, а од болеста починале 5.323 лица, соопшти Универзитетот Џонс Хопкинс.

Си-Ен-Ен јавува дека од вкупниот број на починати, 2.400 се од Охајо, и оти властите на оваа сојузна американска држава на 10 февруари соопштија дека од регистрацијата преку системот за известување можеби се изоставени околу 4.000 смртни случаи и ќе бидат додадени преку нови податоци.