Во САД уапсен Албанец за тероризам
Во својот стан во Њујорк уапсен е Албанец под обвинение за тероризам, како и поддршка на радикални организации.
- Станува збор за Саимир Алимехмети, чија цел била да се бори на страната на терористите и собирање муниција за терористичките организации. Американанските медиуми пишуваат дека Албанецот е дел од тетористичка ќелија, наведува порталот Албеу.
Истот извор наведува дека во текот на неколку дена, колку што го следел, таен американски агент успеал да открие вознемирувачки факти.
- Агентот открил дека ова лице поседува ужасно видео на ИД, во кое се гледа како нејзините припадници сечат глави на затвореници. Алимехмети му кажал на агентот дека ќе замине за Сирија, бидејќи „веќе бил дел од системот“, наведува Албеу.
Тој уште му се доверил дека има 2.500 долари, но оти му треба пасош и оти сакал претходно да побегне во Сирија и дека неговиот брат бил уапсен во Албанија во 2015 година.
Ново на Сител
-
Макрон го повика Путин да се вразуми
-
Атлетик: Гвардиола ќе го продолжи договорот со Манчестер сити
-
Скопје прв најзагаден град во Европа
-
Надал: Сакам да бидам запаметен како добар човек од мал град на Мајорка
-
Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Иранските власти ја ослободиле студентката која се соблече на универзитетот во знак на протест
-
Бајден одобри испорака на противпешадиски мини на Украина, целта е да се запре рускиот пробив
-
Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година