Во сабота се отвора Аква паркот во СЦ Борис Трајковски
„Вип АКВА ПАРК“, кој се наоѓа во комплексот на Спортскиот Центар Борис Трајковски почнува со работа во сабота на 11 јуни.
Билет за „Вип АКВА ПАРК“ ќе чини 300 денари, а ќе се нуди и семеен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезница за деца под 13 години ќе чини 200 денари, а влезница за деца под четири години е бесплатна. За групни посети над 30 лица се добива попуст од 30 проценти. „Вип АКВА ПАРК“ ќе работи секој ден од 10 до 20 часот.
Капацитетот на „Вип АКВА ПАРК“ е ограничен на 1.000 посетители, пред се поради пропишаните нормативи за безбедноста и удобноста на посетителите. Во рамките на „Вип АКВА ПАРК“ ќе работат и три кафулиња и еден ресторан.
Подетални информации за активностите и цените на билетите на Аква паркот можете да се добијат на официјалната веб-страница на СЦ Борис Трајковски http://www.
Ново на Сител
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“