-->
-->
Во Романија запленети 2,5 тони кокаин
-->
Романската полиција заплени рекордно количество на кокаин - 2,5 тони во вредност од 625 милиони евра.
Во операцијата, спроведена во соработка со американските и шпанските власти, приведени се пет лица - четворица Литванци и еден Колумбиец.
Дрогата е откриена на брод што пристигнал од Јужна Америка во црноморското пристаниште Констанца. Кокаинот бил скриен во ладилник натоварен со банани.
Крајна дестинација на кокаинот била Холандија.
Во 2009 година романската полиција заплени еден тон кокаин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов