Во Ресен презентирани искуства и мерки за поттикнување на вработувањето
Вмрежување на институциите во креирање локални политики за вработување и размена на планови и податоци на социјалните партнери е целта на презентацијата на искуства од повеќе општини што денеска се одржа во општина Ресен во организацијата Локално економско-социјалниот совет (ЛЕСС) на Ресен .
Искуствата, според градоначалникот Ѓоко Стрезовски, на најдиректен начин ќе и помогнат на Општина Ресен, институциите и бизнис заедницата да овозможат подобри услови за потикнување на вработувањето.
- Размената на планови и податоци на социјалните партнери во заедницата очекуваме на најдиректен начин да и помогнат на Општина Ресен, државните институции и на бизнис заедницата за овозможување подобри услови за потикнување на вработувањето преку воведување нови можности за вработување пред се на младите преспанчани, рече Стрезовски.
Нијоле Дилбиене, експерт од Литванија, ги претстави резултатите од твининг проектот „Поддршка на Агенцијата за вработување за спроведување на активни мерки на пазарот на трудот и услуги“ поддржан од ЕУ, а беше реализиран во Скопје, Куманово, Тетово и Битола. Со овој проект преку дообука и практиканство користејќи активности од други проекти голем број млади, кои тешко наоѓаа работа на пазарот на трудот веќе се вработија.
За искористеноста на активните мерки за вработување како и пресек на состојбата со барателите на работа во Општина Ресен говореше директорот на Агенцијата за вработување од Ресен, Зоран Костовски.
Ново на Сител
-
Директорот на Ферари: Хамилтон ќе биде конкурентен и тоа многу наскоро
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Во Кавадарци одземено возило поради создавање бучава
-
Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина
-
Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака за железничкиот Коридор 8
-
Без вода утре селата Батинци и Љубош
-
Инвестиција во милијарди евра во инфраструктурата и здравството, најави Мицкоски
-
Односите со САД се на ултра високо ниво, да не избрзуваме со заклучоци поврзани со визата на Лимани, изјави премиерот