Балкан
30. November 2020 - 17:08

Во регионот рекорден број заразени, во Хрватска најмногу починати

Во последените 24 часа во регионот има рекорден број заразени и починати од вирусот Ковид-19

Во Хрватска како последица на коронавирусот починаа 74 лица, што е најголем број за еден ден. Досега најмногу починати имаше на 20 ноември – 57.

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.830 нови случаи на инфекција со коронавирус, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 21.457. Меѓу нив, 2.358 пациенти се во болница, од кои 255 пациенти се на апарати за дишење.

Во Словенија во изминатите 24 часа починаа 51 лице заразено со коронавирус. Има 428 новозаразени, помалку од претходниот ден, но и со помалку тестови.

Од почетокот на епидемијата, заразени се нешто помалку од 76 илјади луѓе, а 1.435 починале.

Во болниците се лекуваат 1.298 пациенти, од кои 205 се на интензивна нега.

Во Босна и Херцеговина, 61 лице почина од последиците на коронавирусот. Има 526 новоинфицирани.

Повеќето смртни случаи се во Федерацијата БиХ, 42 од нив, додека бројот на заразени е зголемен за 384.

Во Република Српска починаа 17 лица, а бројот на новозаразени е 134.

Во Србија, според последните податоци, 6.179 лица се новозаразени, додека 65 починале.

Поради влошувањето на епидемиолошката состојба, Кризниот штаб во Србија денеска треба да претстави нови мерки.